Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2017

ФИФА ја укина суспензијата на Меси

На Лионел Меси, капитенот на Аргентина, му е укината преостанатата суспензија од три натпревари, која му ја изрече Светската фудбалска федерација.

ФИФА го казни Меси поради навредување на помошниот судија во натпреварот кој Аргентина го играше во март против Чиле во квалификациите за Светското првенство.
Меси поради суспензијата веќе го пропушти дуелот со Боливија, во којшто изгуби неговата репрезентација.
Тој беше казнет со суспензија на четири натпревари, но поднесе жалба, која е уважена, па казната му е намалена на еден натпревар.
Аргентина е петта на табелата во групата од десет репрезентации во јужноамериканските квалификации за Светското првенство 2018 година.
Следниот натпревар се игра на 31-ви август против Уругвај.

 

Најнови вести