Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2011

Лос Анџелес нуди 5 милиони за Дрогба

Дидие Дрогба, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, е голема желба на новиот шампион на Соединетите Американски Држави, Лос Анџелес.

Англиските медиуми шпекулираат дека Американците се подготвени на Дрогба да му понудат повеќегодишен договор вреден пет милиони фунти по сезона.

Во американскиот клуб се во потрага по ѕвезда која ќе го замени Дејвид Бекам, поранешниот капитен на англиската репрезентација, чиј актуелен договор истекува кон крајот на следниот месец и кој, најверојатно, нема да го продолжи.

Дрогба по завршувањето на сезоната во Англија ќе остане слободен играч, па Лос Анџелес ќе може да го доведе без оштета. Уште од порано интерес за овој фудбалер покажа и рускиот Анжи, кој, наводно, е подготвен да му понуди 10 милиони фунти по сезона за играње во тандем со Самуел Ето.


Најнови вести