Корисничко име Лозинка Пријави се
09.11.2011

Манчестер сити го казни Туре

Коло Туре, дефанзивниот играч на Манчестер сити, се согласи да биде казнет со одземање на шестседмичната плата поради користење допинг, соопштија од клубот кој е лидер на табелата во Премиер лигата.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска беше позитивен на допинг-тестот на почетокот на оваа тековна година, па англиската ФА го суспендира на шест месеци. Таа суспензија истече во септември, а скапо платениот фудбалер сега е казнет и од клубот.

„Тој ја прифати одлуката на клубот, така што на овој случај му ставивме крај. Сега сите сакаме да се фокусираме на обврските за продолжување на сезоната“, стои во соопштението на клубот.

Коло Туре користел апчиња за диета во чиј состав имало забранети супстанции. Поради суспензијата од англиската ФА тој го загуби местото во првиот тим и по враќањето за клубот одигра само два натпревари за „граѓаните“, и двата во Лига купот.

Најнови вести