Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2016

Сити без Харт и Стерлинг месец дена

Вчера беше навистина лош дена за Манчестер сити и за нивните поддржувачи - покрај поразот од најголемиот ривал, тимотостана без двајца многу важни фудбалери.

„Граѓаните“ месец дена ќе бидат без првиот голман Џо Харт, но и без едниот од главните офанзивни играчи, Рахим Стерлинг.
Двајцата играчи се повредија во градското дерби во кое тимот на Мануел Пелегрини загуби со 1-0.
Харт го повреди мускулот на листот, додека пак Стерлинг се здоби со повреда на препоните. И двајцата нема да бидат на располагање ниту на англиската репрезентација која во следните денови ќе игра пријателски натпревари со Германија и со Холандија.

Најнови вести