Корисничко име Лозинка Пријави се
16.3.2016

Сити без Компани до средината на април

Англискиот вицешампион со ремито без голови со Динамо Киев се пласираше меѓу осумте најдобри во Европа, но тимот на Мануел Пелегрини остана без капитенот Винсент Компани.

Капитенот на „граѓаните“ ќе отсуствува од терените најмалку 30 дена, што значи дека Компани ќе ги пропушти двата натпревари во четврт-финалето од Лигата на шампионите, како и премиерлигашките дерби натпревари против Манчестер јунајтед и Челзи.
„Повреден му е мускулот, а за ваквиот вид на повреди, особено кога се обновуваат, треба најмалку еден месец за да се излечат. Тоа значи дека тимот ќе биде без капитенот до средината на април“, соопшти Пелегрини.
Стручњакот на Сити е далеку пооптимистичен за Николас Отаменди, кој иако беше заменет во првото полувреме на до ревашот со Динамо Киев, сепак големи се шансите да настапи на градското деби со Манчестер јунајтед, кое ќе се игра претстојниот викенд.

Најнови вести