Корисничко име Лозинка Пријави се
15.3.2016

Пелегрини: Сè уште не сме пласирани

Тренерот на Манчестер сити Мануел Пелегрини изјави дека неговиот тим сè уште не е пласиран во четврт-финалето од Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Манчестер сити вечер на домашен терен ќе играат против Динамо, а во првиот дуел од осминафиналето англискиот тим победи со 3-1.
„Нема да го започнеме натпреварот со резултат од 3-1, туку ќе мораме да влеземе во дуел како да е 0-0 и да се обидеме да победиме. Најважно е да бидеме свесни дека сè уште не сме се пласирале во четврт-финалето. Ќе играме против тим кој знае да игра вакви натпревари“, изјави Пелегрини.
Тој наведе дека клубот напредуваше во елитното европско натпреварување откако го презема.
„Напредувавме. Пред да пристигнам клубот не успеваше да се квалификува меѓу 16-те најдобри, но тоа го сторивме два пати во две години“, изјави менаџерот од Чиле.
Пелегрини на крајот на сезоната ќе го напушти Сити, а на клупата ќе го замени Пеп Гвардиола, кој сега го предводи Баерн Минхен.
„Дали ќе заминам од клубот на крајот од сезоната или не, одговорноста е иста. Сите натпреварувања се подеднакво важни, сакаме да напредуваме на сите полиња. Во Премиер лигата има да се игра уште за 27 бодови, а никогаш не знаете што може да се случи во фудбалот. Но нашата цел е да размислуваме за секој следен натпревар. Првенството мораме да го завршиме во самиот врв на табелата“, изјави Пелегини.
Тој додаде дека Јаја Туре закрепна од повредата и дека ќе биде во конкуренција за почетниот состав.

Најнови вести