Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2016

Покетино презадоволен, Пелегрини грми кон судиите

Тренерот на Тотенхем Маурисио Покетино беше пресреќен по победата на „Етихад“ против Манчестер сити со 2-1.

„Овој натпревар беше многу важен. Можеше да се осети дека не беше вообичаен и дека беше вистински испит за нас. Поради тоа сум многу задоволен од моите играчи. Пристапот беше одличен, одиграа совршена партија против тимот кој има многу квалитетни играчи од врвна класа. Моите играчи ги имаат сите заслуги за победата“, изјави Покетино.
Тотенхем победи со 2-1 и се проби на второто место на табелата. Првиот гол беше постигнат од пенал досуден поради тоа што топката го погоди во рака Рахим Стерлинг, кој скокна и се заврти со грб за да го блокира шутот. Оваа судиска одлука ги разбесни домашните фудбалери и завладеаја бројни полемики,а меѓу останатото беше и изјавата на тренерот на „граѓаните“, Мануел Пелегрини.
„Судијата сакаше да покаже пенал и го покажа. Одлуката е апсолутно погрешна бидејќи топката го погоди Стерлинг во грбот, па во лактот. Тој дури не ја ни виде топката. Тоа е истиот судија кој во првиот натпревар против Тотенхем не ни призна два гола поради офсајд, кога загубивме 4-1. Тој момент го одлучи натпреварот. Пред тоа немаа ниту еден шут кон нашиот гол, ниту направија шанса. Ние ризикувавме, тимскиот дух беше добар, но тоа не беше доволно“, заклучи Пелегрини.

Најнови вести