Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2016

Сити потврди: Гвардиола на местото на Пелегрини

Пеп Гвардиола ќе биде менаџер на Манчестер сити од следната сезона, потврди англискиот клуб.

Шпанецот ова лето ќе го замени Мануел Пелегрини, на кој договорот му истекува на 30 јуни, а ќе потпише договор на три години.
Сити во текот на трите сезони под водство на Чилеанецот освои една титула и Лига купот, а во моментов е во игра за трофеите во сите четири натпреварувања (Лига купот, ФА купот, Премиер лигата и Лигата на шампионите).
Гвардиола пристигнува од Баерн Минхен, со кој во истиот период освои две титули во Бундеслигата, Купот на Германија, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
Претходно со Барселона два пати беше шампион на Европа, имаше освоено три титули во Примера и девет други трофеи.

Најнови вести