Корисничко име Лозинка Пријави се
28.1.2016

Де Бројне надвор од теренот шест седмици

Агентот на младиот Белгиец изјави дека ситуацијата е подобра од она што изгледаше на натпреварот против Евертон.

Кевин де Бројне се повреди во текот на натпреварот против Евертон кој Манчестер сити го реши во своја корист (3-1), и изгледаше дека ќе се работи за пауза од неколку месеци, но сепак Де Бројне ќе се врати на теренот за шест седмици.
Денеска рано наутро на Де Бројне му беа направени снимки, а комплетниот здравствен извештај се очекува попладне. Најверојатно е во прашање внатрешниот лигамент на коленото, но повеќе ќе се знае кога ќе пристигнат резултатите.
„Граѓаните“ судејќи по сè нема долго да останат без еден од најважните играчи од тимот, а тоа колку Кевин де Бројне е битен за тимот на Манчестер сити покажува изјавата на Пелегрини по победата:
„Оптимистичен сум и очекувам дека нема да го пропушти остатокот од сезоната, тој беше многу битен досега“, изјави менаџерот на „граѓаните“.

Најнови вести