Корисничко име Лозинка Пријави се
16.4.2015

Бруно Лабадија на клупата на Хамбургер

Бруно Лабадија, некогашниот фудбалер и тренер на Хамбургер, се врати во клубот со цел поранешниот шампион на Европа да избегне прво испаѓање во историјата.

Лабадија, кој како играч дресот на Хамбургер го носеше сезона и пол (1987-1988), а потоа беше прв тренер (2009-2010), потпиша 15-месечен договор и го наследи спортскиот директор Петер Кнебел, кој неуспешно ја водеше екипата на два натпревари по заминувањето на Јозеф Цинбауер.
Хамбургер, кој потона на дното на бундеслигашката табела откако во саботата изгуби од Волфсбург со 2-0, оваа сезона има најслаб напад во Бундеслигата, само 16 постигнати голови на 28 одиграни натпревари.

Најнови вести