Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2017

Милер заработи најтешка повреда при прославувањето на голот

Николај Милер, фудбалерот на Хамбургер, ќе отсуствува шест месеци од терените поради повредата која ја здоби во текот на прославата на голот, соопшти неговиот клуб.

Тој при прославувањето на голот против Аугсбург, се обиде да направи пируета, но го закачи знаменцето во аголот и директно падна на колено.
„Дијагнозата е еден голем шок и голем удар за сите нас во клубот, посебно сега на почетокот на сезоната. Жал ни е за Милер. Му посакуваме целосно закрепнување. Секако, како клуб ќе направиме сè за да му помогнеме“, изјави Јен Тот, спортскиот директор на Хамбургер.
Милер беше еден од најдобрите играчи на Хамбургер во претходната сезона, а ова лето доста се шпекулираше дека ќе си замине, но на крајот најверојатно ќе го продолжи договорот со клубот.

Најнови вести