Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2016

Почнаа трансферите: Маврај од Келн во Хамбургер

Албанскиот репрезентативец Мергим Маврај меѓу првите ќе ја промени средината во зимскиот преоден рок.

Искусниот дефанзивен играч го напушти Келн и направи трансфер во редовите на ривалот од Бундеслигата, Хамбургер.
Тој потпиша договор на три и пол сезони со екипата која во продолжението на бундеслигашкото натпреварување ја очекува жестока борба за опстанок.
Хамбургер се наоѓа на 16-тото место на табелата и заостанува со три бода зад Вердер, кој се наоѓа во сигурната зона.
Маврај не пропушти ниту една минута во Бундеслигата на првите 16 натпревари. Беше стандарден и во репрезентацијата на Албанија на овогодишното Европско првенство, каде што ги одигра сите три натпревари во групата.

Најнови вести