Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2018

Холербах доби отказ во Хамбургер

По првиот пораз, и Хамбургер е сè поблиску до првата елиминација од елитното фудбалско друштво на Германија, а цената ја плати тренерот Бернд Холербах, кој денес доби отказ.

Како што пренесе „Спорт билд“, Бернд Холербах доби отказ во Хамбургер, кој го водеше само на седум натпревари во Бундеслигата.
За Холербах кобен беше поразот од Баерн (6-0), а како што пренесува „Билд“, на местото шеф на стручниот штаб до крајот на сезоната ќе биде Кристијан Тиц, кој досега го водеше младиот тим на Хамбургер.
Холербах на клупата на Хамбургер помина само 49 дена. На седум натпревари освои три бода од три ремија и забележа четири порази.

Најнови вести