Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2013

Ван дер Варт има скинати лигаменти

Рафаел ван дер Варт, холандскиот интернационалец и фудбалер на Хамбургер, има скинати лигаментите на глуждот во текот на пријателскиот натпревар со Колумбија во вторникот, иако првите прогнози беа дека има фрактура на зглобот.

Како што соопшти германскиот клуб, засега не се знае колку ќе мора Ван дер Варт да отсуствува од теренот. Тој оваа сезона постигна шест голови и одигра 12 натпревари.
„Ван дер Варт се здоби со сериозна повреда, односно скина два лигаменти на зглобот“, се вели во соопштението на Хамбургер.
Холандија меѓу првите се квалификува за Мундијалот во Бразил 2014 година.
Хамбургер моментно се наоѓа на 14-тото место на Бундеслигата со три победи, три ремија и шест порази. Во недела, во 15.30 часот, во 13-тото коло на германското првенство ќе се сретне со Хановер.
Ван дер Варт во 2012 година направи трансфер од Тотенхем во Хамбургер, за кого, исто така, настапуваше од 2005 до 2008 година.

Најнови вести