Корисничко име Лозинка Пријави се
02.6.2015

Хамбургер од амбис до опстанок

Екипата на Хамбургер и понатаму е единствениот германски тим кој е член на Бундеслигата од нејзиното основање во 1963 година.

Хамбургер ја избегна елиминацијата во Цвајта со победата од 2-1 по пресвртот над Карлсруе, по продолженијата во реванш-натпреварот.
По 1-1 во Хамбург, Карлсруе на свој терен поведе на 12 минути пред крајот на средбата, но Хамбургер во судиското продолжение избегна пораз и елиминација. Следуваа напнати продолженија, па на пет минути пред крајот јунак на Хамбургер стана Николај Милер.
 Во финишот домаќините имаа шанса да изедначат, но Рене Адлер го одбрани пеналот.
Хамбургер е основан во 1887 година и го носи прекарот Диносаурус, а од основањето на Бундеслигата во 1963 година, ниту еднаш не играл во понизок ранг.
Два пати го освои Лига купот на Германија, три пати Купот на Германија, шест пати беше шампион на земјата и еднаш на Европа (1983).

Најнови вести