Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2014

Хамбургер му даде отказ на Сломка

Фудбалскиот клуб Хамбургер денес го смени тренерот Мирко Сломка поради слабите резултати на екипата на почетокот на сезоната.

Хамбургер се наоѓа на последното место на табелата со само еден освоен бод.
Управата на клубот се одлучи на овој потег по поразот во минатото коло од Хановер со резултат 2-0, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на локалните медиуми.
Сломка екипата ја презеде во февруари, а во текот на кариерата во неколку наврати ги водеше Хановер и Шалке.
На клупата на Хамбургер него би можело да го замени Томас Тухел, поранешниот тренер на Мајнц.

Најнови вести