Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2018

Тухел нов тренер на ПСЖ

Томас Тухел е нов тренер на ПСЖ, а со тимот од главниот град на Франција потпиша двегодишен договор. Тој на тоа место ќе го замени Унаи Емери.

Тухел има 44 години, како тренер се афирмираше во Мајнц, кого го водеше од 2009 до 2014 година, а последните две сезони ги помина на клупата на Борусија од Дортмунд, поточно „милионерите“ ги напушти овој месец поради несогласување со управата, и тоа само три дена по освојувањето на Купот.
Голема предност на Тухел е тоа што течно зборува француски и што сака да игра напаѓачки, а тоа му се допаднало на сопственикот на клубот, шеикот Тамин бин Хамад ал Тани.
„Тој е тренер како од наша школа. Германец е, но со бразилски начин на размислување. Тоа би ни помогнало. Тоа што сака ред во тимот не е проблем, во светот на фудбалот неопходно е да има малку ред“, изјави неодамна Тијаго Силва, стоперот на ПСЖ, за Тухел.
Емери ја освои шампионската титула на Франција оваа сезона, но во неговите две години во Париз немаше успех во Лигата на шампионите, бидејќи тимот беше елиминиран прво од Барселона (4-0, 1-6) во четврт-финалето, па од Реал во осминафиналето (1-3, 1-2).

Најнови вести