Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2016

Обамејанг суспендиран за ЛШ, се враќа за Хамбургер

Томас Тухел, тренерот на Борусија Дортмунд, изјави дека немал избор освен да го изостави од тимот Пјер-Емерик Обамејанг синоќа во Лигата на шампионите.

Најдобриот стрелец на „милионерите“ од трибините ја следел победата на Борусија над Спортинг, која на германскиот клуб му донесе пласман во осминафиналето на елитното натпреварување.
Германските медиуми пред натпреварот шпекулираа дека Габонецот е суспендиран поради тоа што во понеделникот без дозвола отпатувал во Милано, а во вторникот го користел мобилниот телефон на состанокот на екипата.
„Беше тешко да се игра без него, но немав друг избор. Одлуката ја донесов уште во вторникот попладне. Причината нема да ви ја откријам, без оглед на тоа што се пишува. Тоа се наши интерни работи и тој ќе се врати викендов во натпреварот со Хамбургер““, изјави Тухел.
Обамејанг во Борусија направи трансфер во 2013 година од Сент Етјен, постигна 90 голови на 155 натпревари, дури 39 во минатата сезона, а оваа има десет погодоци на 12 натпревари.
Борусија нема победа во последните четири кола во Бундеслигата.

Најнови вести