Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Моќен старт на „милионерите“, Борусија го прегази Лајпциг

Борусија Дортмунд одлично ја почна новата сезозна во Бундеслигата и со победа од 4:1 најави амбиции за титула во Германија

Борусија Дортмунд го декласира Ред Бул Лајпциг со 4:1 во дербито од првото коло во Бундеслигата.
И, тоа го сторија со пресврт по шокот во првата минута. Аугустин постигна гол за Лајпциг по само 62 секунди игра, но потоа се беше во знакот на домашниот тим. Даху и Витсел постигнаа по еден гол во првиот дел, Сабицер ја погоди својата мрежа и Борусија веќе направи пресврт.
По првите 45 минути популарните „милионери“ имаа предност од 3:1, а точка на победата стави Ројс со гол во самиот финиш. Ова беше дуел на две екипи кои лани беа пласирани во првата шесторка во Бундеслигата.

 

Најнови вести