Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2018

Дортмунд најде напаѓач – Алкасер една година на позајмица

Шпанецот не сака да му биде „резерва“ на Суарез

Напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер, во претстојната сезона ќе ги брани боите на Борусија Дортмунд. За ангажманот на шпанскиот повремен репрезентативец „милионерите“ ќе исплатат два милиони евра, додека ќе имаат опција да го откупат за 23 милиони евра по крајот на сезоната.

Алкасер во главно беше користен како резервна опција на Луис Суарез, па во потрага по редовна минутажа одлучи да се пресели во Бундеслигата. За две сезони во каталонскиот дрес одигра само 37 натпревари од кои на повеќето влегуваше од клупа, постигнувајќи 10 погодоци.

Барселона сега останува со само еден квалитетен голгетер, но, Валверде одлучи да му даде доверба на младиот Мунир Ел Кадади, наместо да посегне по ново засилување.

Пако Алкасер, Борусија Дортмунд, Барселона

Најнови вести