Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2018

Борусија доби нов тренер – официјално Февр

Она што одамна се шпекулираше, денес е потврдено. Луцијан Февр е новиот тренер на Борусија од Дортмунд.

Шеесетгодишниот Швајцарец потпиша двегодишен договор со тимот од Бундеслигата.
„Да се тренира Борусија е прекрасна задача, која сум подготвен да ја преземам“, изјави Февр.
Искусниот стручњак го наследи Петер Штегер, чиј полугодишен договор му истече со завршувањето на сезоната.
Февр официјално со работа ќе почне во јули.
Некогашниот тренер на Борусија од Менхенгладбах, кој е добро запознаен со Бундеслигата, уште минатата година, по заминувањето на Тухел, важеше за прв фаворит на управата, но Ница тогаш одби да му даде согласност да оди.

Најнови вести