Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.3.2018

Арсенал пресилен за Милан, Лион славеше во Москва, пораз на Борусија

Во дербито од оваа фаза на второто по ранг натпреварување избраниците на Арсен Венгер заслужено дојдоа до победа над „росонерите“ и се наоѓаат на чекор од четврт-финалето.

„Топчиите“ натпреварот го решија во првото полувреме, кога ги постигнаа двата гола.
Озил во 15-тата минута испрати пас кон Мхитарјан, кој се наоѓаше на левата страна. Офанзивниот фудбалер на Арсенал со финта го измами чуварот на мрежата и со силен удар го совлада Донарума.
Милан можеше да дојде до изедначување кон крајот на првиот дел од играта, кога Бонучи со глава шутираше покрај голот, но наместо тоа, прими уште еден гол.
Во четвртата минута од продолжението на првото полувреме, Озил со мајсторска асистенција го ангажира Ремзи, кој за малку ќе влезеше во голот откако го помина голманот на Милан.
Во текот на второто полувреме немаше многу акции и Арсенал заслужено дојде до победата, па сега е на чекор од четврт-финалето.
Фудбалерите на Борусија од Дортмунд пред домашната публика беа поразени од Салцбург со 2-1. По првите 45 минути игра немаше голови, па расплетот на ситуацијата следуваше во продолжението.
Гостите од Австрија до предноста од еден гол дојдоа во 49-тата минута, кога Бериша беше прецизен од гол-линијата.
Само една минута подоцна, резултатот на семафорот беше 0-2. Бериша повторно доби шанса и со феноменален удар ја испрати топката зад грбот на Бирки.
Домашниот состав со голот на Ширле  во 62-рата минута успеа да намали на 1-2, но тоа беше сè од голови на овој натпревар.
Во вчерашните два натпревари од 19 часот, Атлетико Мадрид убедливо го победи Локомотив од Москва со 3-0, додека Лион славеше на гостувањето против ЦСКА Москва.
Головите за „јорганџиите“ ги постигнаа Саул во 22-рата, Коста во 47-мата и Коке во 90-тата минута. 
На францускиот клуб му беше потребен само еден гол да дојде до триумф. Јунак на натпреварот беше Марсело, кој во 68-мата минута го совлада Акинфеев.
Реваншите на програмата се за седум дена.

Најнови вести