Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
04.7.2018

Папастатопулос нов стопер на Арсенал

Лондонскиот премиерлигаш го доведе стоперот Сократис Папастатопулос од Борусија Дортмунд за 15 милиони евра.

Триесет и петгодишниот Папастатопулос во текот на петте години минати во Дортмунд освои две шампионски титули и еден Куп на Германија.
Грчкиот фудбалер претходно играше за Вердер, а настапуваше и во Серија А за Џенова и за Милан.
Папастатопулос е трето засилување за Арсенал откако менаџер на „топчиите“ стана Унаи Емери.
Претходно дојдоа бекот Штефан Лихтштајнер и голманот Бернд Лено.

Најнови вести