Корисничко име Лозинка Пријави се
06.4.2018

Трап од лето во Дортмунд

Германскиот голман Кевин Трап налето би требало да го напушти ПСЖ и да стане член на Борусија од Дортмунд, јавуваат медиумите во Германија.

„Милионерите“ ги договориле условите со 27-годишниот чувар на мрежата, а засега единствено се знае дека ќе добие договор на три години.
За примањата на „Вестфален“ и за висината на трансферот сè уште нема информација, но ако се знае дека Германецот е резервен во ПСЖ, јасно е дека клубот од Париз нема да се натега во преговорите со Борусија.
ПСЖ летото 2015 година го доведе Трап од Ајнтрахт за десет милиони евра, што беше, гледајќи ги другите клупски трансфери, не толку скапа аквизиција.
Иако беше доведен како голман за подолго време, Германецот не успеа да ги оправда очекувањата, па оваа сезона беше истиснат од голот од страна на Алфонс Ареола.
Следствено на тоа, и враќањето во Германија би можело да претставува добар потег за повремениот германски репрезентативец, под услов во Дортмунд да се избори за место со Швајцарецот Роман Бирки.

Најнови вести