Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2017

Марко Ројс повторно се повреди

Марко Ројс, фудбалерот на Борусија Дортмунд, ќе отсуствува од теренот до почетокот на април поради повреда на тетивата, соопшти германскиот клуб.

Ројс ја повреди тетивата на бутот на левата нога во првото полувреме од натпреварот против Баер од Леверкузен (6-2) во саботата.
Клубот од Дортмунд соопшти дека Ројс ќе отсуствува околу четири седмици, поради што ќе го пропушти реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Бенфика, како и два првенствени натпревари и еден во Купот.
Томас Тухел, тренерот на Борусија, изјави дека отсуството на Ројс е голема загуба за екипата.
„Ова се лоши вести, посебно што нема да игра во среда. Го повреди мускулот. Тоа е голем удар за нас бидејќи Марко е играч кој постојано нè турка напред, презема одговорност. Во последно време играше на врвно ниво и е важен дел од екипата на теренот“, изјави Тухел.

Најнови вести