Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2016

Гиздол е новиот тренер на Хамбургер

Фудбалскиот клуб Хамбургер денес го именуваше Маркус Гиздол за нов тренер.

Гиздол на клупата го замени Бруно Лабадија, кој е отпуштен поради лошите резултати, бидејќи Хамбургер освои само еден бод во првите пет првенствени натпревари.
Како што се наведува во соопштението, Гиздол според сопствена желба го потпишал договор до крајот на сезоната.
Тој го предводеше Хофенхајм од април 2012 до октомври 2015 година.
Хамбургер во следното коло од Бундес лигата гостува кај шестопласираната Херта.

Најнови вести