Корисничко име Лозинка Пријави се
01.4.2015

Хамбургер го бара Тухел за тренер

Германскиот бундеслигаш Хамбургер му понудил работа на Томас Тухел, некогашниот тренер на Мајнц, со годишна плата од 3,2 милиони евра, пренесува „Билд“.

Хамбургер, кој минатата сезона едвај избегна испаѓање од Бундеслигата, а сега е на дното на табелата, пред десет дена го отпушти Џозеф Цинбауер, а до крајот на сезоната клубот ќе го води спортскиот директор Петер Кнебел.
Тухел пет сезони помина на клупата на Мајнц и многумина го сметаат за иден селектор на Германија. Тој е без работа од мај минатата година, кога се раздели до Мајнц, но сè уште е под договор со клубот.

Најнови вести