Корисничко име Лозинка Пријави се
26.9.2016

Хамбургер остана без тренерот

Германскиот бундеслигаш Хамбургер го смени тренерот Бруно Лабадија.

Екипата на Хамбургер лошо ја отвори сезоната во Бундеслигата, по пет одиграни кола има само еден освоен бод, па се наоѓа на претпоследната позиција на табелата.
Резултатската, но и играчката криза доведоа до тоа Лабадија да добие отказ, а името на неговиот наследник ќе се знае на почетокот на оваа седмица.
Германските медиуми тврдат дека следен тренер на Хамбургер ќе биде Маркус Гиздол, некогашниот стратег на Хофенхајм.

Најнови вести