Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2015

Јенсен ја заврши кариерата во 30-тата година

Марсел Јенсен, поранешниот фудбалски репрезентативец на Германија, одлучи да ја заврши играчката кариера откако му истече договорот со Хамбургер.

Јенсен во ноември ќе наполни 30 години, а за него се заинтересирани Евертон и Бенфика.
„Размислував во текот на летната пауза. Имав добри понуди, но да продолжам не беше опција. Не можам да играм уште две или три години некаде и да не стојам сто отсто зад тоа. Не можам одеднаш да љубам грб на некој друг клуб. Фудбалот беше мојата работа, но се радувам што во иднина ќе ми биде хоби“, изјави Јенсен за „Билд“.
Тој веќе отворил фирма која се занимава со производство на облека за во сала за вежбање. Во текот на кариерата настапуваше за: Хамбургер, Баерн Минхен и Менхенгладбах.
Јенсен за репрезентацијата на Германија одигра 45 натпревари и постигна три гола. Со „панцирите“ два пати беше трет на Светското првенство, во 2006 и во 2010 година, и еднаш вицешампион на Европа (2008), додека во последен момент отпадна од списокот на патници за Светското првенство во Бразил.

Најнови вести