Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2018

Хенес: Повлекувањето на Озил е добро за репрезентацијата

Ули Хенес, претседателот на Баерн Минхен, изјави дека е среќен што Месут Озил се повлекол од репрезентацијата на Германија бидејќи, како што наведе, со години бил како дух, а сега се крие зад фотографиите и ги обвинува другите, пренесува „Билд“.

„Тоа е добро за репрезентацијата, бидејќи со години беше како дух. Последен пат победи пред Мундијалот 2014 година, а сега се крие зад фотографиите и ги обвинуваат другите.. Прво себеси би требало да се преиспита. Мило ми е што си замина. Кога игравме против Арсенал, се фокусиравме на него бидејќи знаевме дека е слаба точка“, изјави Ули Хенес, претседателот на Баерн.
Хенес изјави дека смета дека Озил веќе со години нема место во репрезентацијата на Германија.
„Развојот во нашата земја е катастрофа. Морате да се вратите на она што е спортот. Од спортска гледна точка, Озил веќе со години нема место во репрезентацијата“, додаде Хенес.
Озил објави дека се повлекува од репрезентацијата поради големото непочитување и расизмот кои ги доживеал од Фудбалскиот сојуз на Германија како и од многу други поради фотографиите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. За репрезентацијата на Германија забележа 92 настапи и постигна 23 погодоци.

Најнови вести