Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Баерн се избламира против четвртолигаш

Баварците се намачија во првото коло од Купот

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен едвај победи против четвртолигашот Дрохтерсен Асел, во првото коло од Купот на Германија. Апсолутниот фаворит славеше со 1:0 благодарение на голот на Роберт Левандовски во 82 минута од мечот. Баерн пред само неколку дена со 5:0 го растури Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот на Германија, а денеска се посрамоти против аматерите. 
Победата од само еден гол и тоа даден во последните 10 минути од мечот е уште поневеројатна ако се знае дека Баерн настапи во првиот состав. Со Нојер на голот, Рафиња, Хумелс, Боатенг, Кимих, Мартинез, Алкантара, Милер, Робен, Рибери и Левандовски на теренот, Баерн требаше да победи убедливо, но тоа не се случи. 
Баерн не беше единствениот фаворит кој се намачи, но на крајот си ја заврши работата. Баер Леверкузен со 1:0 победи на гости кај Форзием, а и Дуизбург со 1:0 беше подобар кај Дасендорф. Волфсбург со 1:0 се радуваше против Елверсберг, а Нинберг со 2:1 беше подобар од Линх. 
Од фаворитите единствено убедливи беа Хофенхајм и Вердер кои победија со по 6:1 во дуелите против Кајзерслаутерн, односно Вормс. Ајнтрахт Франкфурт е елиминиран по поразот од 2:1 против Улм. 

 

Најнови вести