Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2018

Пеналите го спасија Бундеслигашот Фрајбург

Германскиот третолигаш Енерги Котбус беше на прагот на големо изненадување на стартот од натпреварите во националниот Куп, но, сепак, Бундеслигашот Фрајбург се спаси на пенали

Енерги Котбус не успеа да ја комплетира сензацијата во првото коло од Германскиот куп што ја најави со голот на Фреитас во 47-мата минута против Фрајбург. Гостите израмнија со погодок во 90-тата минута, а потоа славеа на пенали.
Котбус е поранешен прволигаш, но сега игра во Третата германска лига. Во продолженијата и двете екипи постигнаа по еден гол, за конечни 2-2, а трагичар на мечот беше Крусе, кој единствен утна од белата точка во пенал-серијата, па Фрајбург со 5-3 мина понатаму.
Во првата рунда од германскиот Куп испадна победникот од ланското издание, Ајнтрахт Франкфурт, по поразот од нисколигашот Улм, а и Бундеслигашот Штутгарт е во аут.

 

Најнови вести