Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2018

Меч на денот: Баерн Минхен против Хофенхајм на „Алијанц“ тргнува во одбрана на титулата

Фудбалската треска во Германија може да почне – „Ранетиот“ Хофенхајм на гости кај германскиот шампион

Баерн Минхен и Хофенхајм вечерва официјално ќе ја отворат новата сезона во Бундеслигата. Актуелниот шампион, под водство на новиот тренер Нико Ковач, ќе се обиде да го направи првиот чекор кон одбрана на титулата, којашто во последниве шест сезони не се мрдна од „Алијанц“. Последната средба помеѓу овие две екипи заврши со голеада од седум гола, односно 5-2 во корист за Баерн.

За големината на Баерн не треба многу да се зборува, јасно е дека тие целат на нова титула, па, како и на речиси секој меч од домашниот шампионат, и вечерва се фаворити. Ниту отсуството на Џејмс Родригес и Давид Алаба не треба да претставуваат проблем за Ковач. 

На другата страна, пак, Нагелсман макa мачи околу составување на почетните 11. Дури осум првотимци на Хофенхајм се повредени, меѓу кои носителите на екипата, Керим Демирбај, Андреј Крамариќ, Надием Амири и Бенџамин Хубнер.

Според нашата понуда, се oчекува Баерн да ја оправда фаворитската улога, а ние ви нудиме квота од 1.25 за „кец“, 6.40 за реми и оптимистични 11, квота за „двојка“ на Хофенхајм.

Најнови вести