Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2018

Дербито без голови, Германија и Франција пукаа со празни пушки

Германија и Франција одиграа дерби-меч без голови на стартот од Лигата на нациите на „Алијанц арената“ во Минхен

Светскиот првак Франција и четирикратниот шампион Германија одиграа нерешено без голови во дербито од првото коло во Сегментот А од Лигата на нациите.
Двата великани на светскиот фудбал им останаа должни на гледачите на „Алијанц арената“ и не успејаа ниту еднаш да ја затресат мрежата. Ова беше премиерен меч од најсилната Дивизија А во Лигата на нациите.
Во Сегементот Б Велс со 4-1 го доби соседското дерби со Република Ирска, а Чешка загуби од Украина со 1-2. 
Норвешка и Бугарија со победи го почнаа походот кон ЕП 2020 во Сегментот Ц. Норвежаните дома го победија Кипар со 2-0, а Бугарија на гости ја изненади Словенија и славеше со 2-1.
Во нашиот Сегмент Д, Грузија со 2-0 го победи Казахстан на гости, Андора приреди сензација и ремизираше без голови со Летонија на гости, а во нашата четврта група фаворитите славеа победи. Македонија со 2-0 го победи Гибралтар, додека Ерменија со 2-1 славеше против Лихтенштајн.

 

Најнови вести