Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Хет-трик на Левандовски, Баерн го декласира Ајнтрахт во битка за Суперкупот на Германија

Баерн Минхен освои нов трофеј во Германија, со убедлива победа од 5:0 против Ајнтрахт Франкфурт во меч за Суперкупот

Роберт Левандовски беше расположен за голови, постигна три во победата од 5:0 на Баерн Минхен против Ајнтрахт, во меч за трофејот во Суперкупот на Германија. Полскиот репрезентативец беше незадржлив и му помогна на шампионот да го освои пехарот и патем да му се реваншира на Ајнтрахт за поразот во финалето на националниот куп.
Стрелци за шампионот беа и Коман и Алкантара за убедлив триумф и тоа на „Комерцбанк“ арената во Франкфурт.
На 19. мај годинава, двете екипи играа меѓусебе во финалето на германскиот куп и тогаш Ајнтрахт во Берлин го изненади фаворитот и славеше со 3:1.

 

Најнови вести