Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2018

Со народна носија на терен - Минхен 1860 има дресови во чест на Октоберфест

Раководството на фудбалскиот клуб Минхен 1860 година реализираше интересна идеа во чест на познатиот фестивал на пивото

Фудбалерите на германскиот третолигаш Минхен 1860 ќе носат една гарнитура дресови во чест на познатиот Октоберфест.
Во препознатливите сино-бели бои, дресот е посветен на манифестацијата по која е познат градот Минхен, но и Баварија.
Првиот меч со новата гарнитура дресови  Минхен 1860 ќе го игра против Вехен на 22. септември.
Минхен 1860 е најстариот фудбалски клуб во Германија, формиран е во 1860 година, а сега ќе биде препознатлив и по дресовите со симболи од народната носија на Баварија, руво во кое домашното население доаѓа на Октоберфест.

 

Најнови вести