Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2018

Волфсбург има нов тренер

Фудбалскиот клуб Волфсбург соопшти дека Бруно Лабадија ќе го замени Мартин Шмит на местото тренер на тој бундеслигаш.

Бруно Лабадија со Волфсбург потпиша договор до летото 2019 година. Тој во клубот дојде по еден ден откако Шмит неочекувано поднесе оставка.
„Се чувствувам добро и одморено и со нетрпение очекувам да работам со новиот тим“, изјави поранешниот тренер на Баер Леверкузен, Штутгарт и Хамбургер.
Шмит поднесе оставка на 11 кола пред крајот на шампионатот, а тој потег ја изненади и управата на клубот.
„Не ги разбираме целосно неговите причини за оставката“, изјави Тим Шумахер, директорот на Волфсбург.
Шмит го презеде Волфсбург на 18-ти септември и оттогаш на 19 натпревари во Бундеслигата оствари три победи, пет порази и 11 ремија.
Волфсбург моментно е на 14-тото место на табелата на Бундеслигата со 24 освоени бода.

Најнови вести