Корисничко име Лозинка Пријави се
17.9.2014

Хамбургер доби привремен тренер

Фудбалскиот германски бундеслигаш Хамбургер привремено ќе го води тренерот на младиот тим Јозеф Цинбауер, објави трофејниот клуб.

Според зборовите на Дитмар Бајерсдорфер, директорот на Хамбургер, Цинбауер ќе биде на клупата сè додека не се избере нов шеф на стручниот штаб, откако Мирко Сломка беше отпуштен поради лошите резултати на стартот на сезоната.
Сломка го презеде тимот во февруари и под негово водство клубот опстана во елитата во двомечот на плејаутот со второлигашот Гројтер Фирт, но ниту во новиот шампионат на Хамбургер не му оди најдобро.
По поразот во неделата од Хановер (2-0), клубот се наоѓа на дното на табелата само со еден бод и без постигнат гол на три натпревари.
Хамбургер, шесткратниот германски шампион и шампион на Европа од 1983 година, е единствениот клуб кој никогаш не испаднал од Бундеслигата од неговото основање во 1963 година.
Наредниот првенствен натпревар Хамбургер го игра во сабота, на домашен терен против актуелниот шампион Баерн од Минхен.

Најнови вести