Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2015

Педро го избра Јунајтед, Халиловиќ позајмен на Хамбургер

Според шпанските медиуми, Педро се согласил да прејде во Манчестер јунајтед кој на Барселона ќе ѝ плати 25 милиони евра, плус пет милиони во разни бонуси.

Шпанскиот репрезентативец имал понуда и од Манчестер сити, кој нудел 32 милиони евра, но дваесет и осумгодишниот напаѓач се решил да ја прејде во градскиот рива на „граѓаните“.
Педро пред два дена им порача на клупските челници дека сака да оди. Минатата сезона одигра 44 натпревари во Примера и во Лигата на шампионите и постигна шест голови со девет асистенции.
„Камп ноу“ привремено ќе го напушти и Ален Халиловиќ. Младиот Хрват ќе замине на заем во Хамбургер на една година, а германскиот клуб се обврзал Халиловиќ да игра 60% од натпреварите, доколку не биде повреден.

Најнови вести