Корисничко име Лозинка Пријави се
17.1.2015

Холтби ќе паузира десет недели

Фудбалерот од средината на теренот на Хамбургер, Луис Холтби, ќе паузира до десет недели поради скршена клучна коска, по што ќе мора да оди на операција.

Холтби се повреди на пријателскиот натпревар со Ајнтрахт Франкфурт во Дубаи во четвртокот. Дваесет и четиригодишниот фудбалер кој оваа сезона му се приклучи на Хамбургер од Тотенхем ќе биде опериран денеска, соопшти бундеслигашот.
„Ова е навистина многу болно за Луис и жал ми е, сите сме со него“, изјави тренерот на Хамбургер, Џозеф Цинбауер.
Хамбургер минатата сезона се избори за опстанок во Бундес лигата и го ангажираше Холтби и уште неколку други фудбалери, меѓу кои Швајцарецот Валон Бехрами и американскиот напаѓач Џулијан Грин за вкупно 20 милиони евра да го засили тимот.
Сепак, новите засилувања засега не го покажаа тоа што се очекуваше од нив, Холтби сè уште не бил стрелец на првенствените натпревари, а Хамбургер е на 14-то место по есенската полусезона.

Најнови вести