Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2014

Валон Бехрами потпиша за Хамбургер

Германскиот бундеслигаш Хамбургер соопшти дека на три години го ангажирал швајцарскиот фудбалер Валон Бехрами.

Дваесет и деветгодишниот Бехрами во Хамбургер направи трансфер од Наполи, за кого од 2012 година одигра 54 натпревари.
Бехрами во кариерата ги бранеше боите на: Џенова, Верона, Лацио, Вест хем и Фиорентина. Тој за швајцарската репрезентација од 2005 година настапи на 48 натпревари и постигна два гола.
Хамбургер минатата сезона едвај избегна испаѓање од Бундеслигата, завршувајќи на 16-тото место.


Најнови вести