Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2015

Олиќ се врати во Хамбургер

Хрватскиот ветеран Ивица Олиќ изјави дека се враќа во Хамбургер, кој се бори за опстанок во Бундеслигата.

Тој продолжението на сезоната ќе го помине во клубот за кого постигна 29 голови во текот на две и пол години на крајот на минатата деценија.
Олиќ одлучи да го напушти второпласираниот Волфсбург поради доаѓањето на Ширле од Челзи и да му помогне на Хамбургер да избегне историско испаѓање од Бундеслигата.
„Се радувам на враќањето во Хамбургер, тоа е голем предизвик. Имам 35 години, но добро се подготвив во текот на зимската пауза. Подготвен сум да играм против Келн утре“, изјави Олиќ.
Првиот дел од сезоната Хамбургер го заврши на 14-тата позиција со 17 бодови, само со два повеќе од Борусија Дортмунд и Фрајбург, коишто ги делат последните две места во Бундеслигата.


Најнови вести