Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Бакајоко не се снајде во Челзи, оди во Милан на позајмица

Францускиот играч за врска само по една сезона го напушта Лондон и ги засилува редовите на Милан

Минатогодишното засилување на Челзи, Темуе Бакајоко, не се снајде најдобро во дебитантската сезона на „Стемфорд бриџ“ по неговото доаѓање од Монако за 40 милиони евра. Французинот не ги искористи добиените шанси од страна на ексменаџерот на „сините“, Антонио Конте, потфрлувајќи во обидот да импресионира како што го правеше тоа во Монако.

Токму затоа следува и оваа позајмица во Милан. „Росонерите“ ќе исплатат пет милиони евра за едногодишното позајмување, додека во договорот стои опција да го откупат играчот по крајот на оваа сезона за сума од 35 милиони евра.

Дури и новиот предовник на Челзи, Маурицио Сари, нема доверба во Бакајоко, а јасно беше дека нема да смета на него во претстојната сезона откако пристигнаа двајцата нови играчи кои ќе ги извршуваат задачите во средниот ред.

Најнови вести