Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2018

Замената за Роналдо во Реал ќе биде поскапа и од Нејмар

Еден Азар останува главна цел на Кралскиот клуб

Реал Мадрид уште не се откажува од желбата да го доведе Еден Азар од Челзи. Кралскиот клуб се надева дека ќе успее да го доведе белгискиот репрезентативец, кој би бил замена за досегашната прва ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо. 
Преодниот рок во Премиер лигата заврши и Англичаните не може да доведуваат нови играчи, но затоа може да продаваат. Челзи уште од порано најави дека би можеле да се откажат од Азар доколку Реал понуди рекордна сума за трансферот. Засега, најскап трансфер во историјата на фудбалот е тој на Нејмар од Барселона во ПСЖ, кој вредеше 222 милиони евра. Затоа Челзи за Азар бара 223 милиони евра. 
Најавите се дека во текот на оваа недела челниците на Реал и Челзи ќе имаат разговори за евентуален трансфер. Шпанскиот гигант веќе пазареше на „Стемфорд Бриџ“ летово. Го доведе голманот Тибо Куртуа, а во Лондон на позајмица го прати Матео Ковачиќ.

 

Најнови вести