Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Челзи триумфираше над Арсенал во возбудливото лондонско дерби

Тројца Шпанци стрелаа за „сините“ во победата над нивниот градски ривал

 Челзи славеше со 3-2 против Арсенал во дербито во второто коло од Премиер лигата. Фудбалерите на Маурисио Сари веќе по 20 минути игра имаа убедливи 2-0, по головите на Педро и Мората во 9-тата, односно 20-тата минута. Сепак, „топчиите“ не се предадоа пред време и ја вратија неизвесноста на средбата со два брзи погодоци на Мхитаријан и Ивоби пред финишот на првото полувреме.

Точка на натпреварот стави Маркос Алонсо, 81-та минута по асистенција на Азар, и така сите тројца шпански фудбалери на „сините“ се запишаа во листата на стрелци, нанесувајќи нов тежок пораз на Арсенал и Унаи Емери.

Најнови вести