Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Емери без двоумење: Чех ќе брани против Челзи

Шпанскиот стратег повторно се одлучи за искуниот голман, и покрај критиките кои Чех ги доби по настапот против Манчестер сити

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, на денешната прес-конференција во пресрет на мечот со Челзи во Премиер лигата истакна дека негов прв избор за голман и на оваа средба ќе биде Петр Чех. Искусниот чувар на мрежата беше доста критикуван од страна на фановите на „топчиите“ по поразот од 2-0 од Манчестер сити во првото коло, а многумина се прашуваат и зошто 20 милионското засилување Бернд Лено седи на клупа.

„Чех е квалитетен и, пред сè, искусен голман. Секако дека има капацитет да настапи на големи натпревари, го правел тоа многу пати во неговата кариера. Истото мислење го имам и за Лено. Имаме две квалитетни опции за пред голот, но сепак без двоеумење знам кој ќе брани во сабота. Чех ќе го започне мечот од првата минута, верувам во неговите способности“, истакна Емери.

Арсенал веќе во второто коло од англискипт шампионат се соочува со нова тешка средба, односно градското дерби против Челзи на „Стемфорд бриџ“.

Најнови вести