Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2018

Хамбургер го отпушти Гиздол

Германскиот тренер Маркус Гиздол веќе не е тренер на бундеслигашот Хамбургер откако доби отказ по серијата лоши резултати.

Хамбургер во саботата, во дербито на дното на табелата изгуби од последнопласираниот Келн со 2-0, што беше само уште еден од слабите резултати на клубот од северот на Германија во оваа сезона.
Хамбургер во Бундеслигата нема победено уште од 26-ти ноември минатата година, а оттогаш нанижа две ремија и четири порази, а на табелата падна на претпоследното место со 15 бодови, три повеќе од Келн.
Гиздол минатата сезона го спаси Хамбургер од испаѓање во втората лига, но овој пат управата на клубот не сакаше да чека неизвесен крај на натпреварувањето, туку реши да го смени на средината.
Четириесет и осумгодишниот Германец Хамбургер го презеде во септември 2016 година, екипата ја водеше на 52 натпревари, на коишто забележа 16 победи, десет ремија и 26 порази.

Најнови вести