Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2015

Промена на тренерот во Хофенхајм

Германскиот прволигаш Хофенхајм го отпушти тренерот Маркус Гиздол и го именува Холанѓанецот Хуб Стевенс како негов наследник до крајот на сезоната.

Хофенхајм, кој во петокот изгуби со 1-0 од Хамбургер, падна на претпоследното место на табелата само со шест бодови од десет натпревари.
Ова е осма работа на Стевенс во Бундеслигата, вклучувајќи ги и по двата ангажмани во Шалке и Штутгарт.
Гиздол клупата на Хофенхајм ја презеде во април 2013 година и таа сезона го спаси клубот од испаѓање.
Неговиот договор требаше да истече во 2018 година.

Најнови вести