Корисничко име Лозинка Пријави се
25.10.2016

Суспензија за Шмит поради навреди

Роџер Шмит, тренерот на Баер Леверкузен, е казнет од страна на Бундеслигата поради неспортско однесување на натпреварот со Хофенхајм.

Во поразот на неговата екипа од 3-0, Шмит ги изгубил нервите и во еден момент почнал да го навредува колегата од спротивната страна, младиот Јулијан Нагелсман.
„Дали е можно да си толкав будала? Подобри би ти било да замолчиш“, извикувал Шмит.
Поради ваквиот гест, 49-годишниот тренер е суспендиран на два натпревари, а ќе мора да плати казна од 15.000 евра.
Шмит и претходно имаше проблеми со дисциплината, кога во февруари, во текот на натпреварот со Борусија Дортмунд ја одби наредбата на судијата да го напушти теренот.

Најнови вести