Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2018

Хејнкес се збогува со титула, ќе го замени Нагелсман

Баерн од Минхен со победата над Аугсбург го реши прашањето кој ќе биде освојувач на титулата во Бундеслигата, а на „баварците“ им следува да го решат прашањето кој ќе биде тренер.

Јуп Хејнкес, неочекувано, на крајот на минатата година повторно седна на клупата на Баерн, освои нов трофеј и германските медиуми сега пишуваат дека ќе го наследи Јулијан Нагелсман, шефот на стручниот штаб на Хофенхајм.
Управата на Баерн, Ули Хенес, Карл-Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ се заинтересирани да го доведат 30-годишниот Нагелсман.
Хофенхајм би можело да инкасира барем десет милиони евра како оштета. Следната година за него би можеле да платат половина од таа сума, но судејќи според сè, „баварците“ не сакаат да чекаат.
Она што му беше недостаток на Карло Анчелоти на клупата на Баерн, фактот што не го зборува германскиот јазик, нема да биде проблем за Нагелсман.
Нагелсман и минатата година беше поврзуван со Баерн, но поради малку полошите резултати на Хофенхајм во текот на декември, тоа воодушевување од него во Баерн спласна. Хофенхајм моментно е седми во Бундеслигата со 42 освоени бода.
Карло Анчелоти без работата во Баерн остана по тешкиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите од ПСЖ со 3-0, а по неговото заминување, Баерн се консолидираше и заигра подобро.

Најнови вести